Занарди ја напушти болницата, ќе се опоравува дома

Даниела, сопругата на Алекс Занарди, откри детали за здравствената состојба на поранешниот Формула 1 возачи, Карт првак, параолимписки шампион и тоа 18 месеци откако беше подложен на операции поради сообраќајна несреќа додека се тркаше со својот рачен велосипед.

На 19 Јуни лани, тој настапуваше на трка низ Италија со својот рачен велосипед кога загуби контрола и влета во камион кој доаѓал од спротивната страна. Со хелихоптер експресно беше префрлен во болница во Сиена каде му беше направена опрација за повредите на главата, а во процесот на рехабилитацја следуваа и дополнителни хируршки зафати.

55-годишникот месецов ја напуштил болницата каде се опоравувал за да го продолжи процесот дома крај семејството, нешто што сопругата Даниела го опиша како огромен чекор во негово целосно закрепнување.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ