Зандер: Логистиката од Портимао до Имола ќе биде тешка

Големата награда на Емилија Ромаџа која ќе се вози на автодромот Имола во Сан Марино ќе трае два дена наместо вообичаените три од чисти логистички причини.

Откако се откажаа трките во Северна и Јужна Америка поради сериозноста на ситуацијата со пандемијата, Формула 1 потврди нови трки и тоа во Нурбуринг, Портимао и Имола кои ќе се одржат во Октомври и Ноември. Сепак, веќе е потврдено дека трката во Имола ќе трае два дена, всушност тркачкот викенд нема да започне во Петок.

Според тимскиот менаџер на Алфа Ромео, Беат Зендер, одлуката за откажување на настаните од Петок е од логистички причини, бидејќи логистички преселбата од Портимао во Сан Марино е гломазна и мачна.

Логистичкиот зафат е луд. Има 2.500 километри од Портимао до Имола. Камионите треба да возат директно и ќе застануваат само да наполнат гориво.

Тој објасни дека двајца возачи на камион не се доволни и се размислува за повеќе. Со новите мерки поради пандемијата, персоналот ќе биде затворен или во хотел или на патеката и поради тоа оваа сезона не е омилена за Зандер.

Лесно е да се пожалам, Но важно беше за Формула 1 да биде пример. Нема ниту еден случај на корона и се е во ред. Може да сме горди со тоа што е направено.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ