Имолаа ќе враќа пари по откажаната трка

Фановите добија можност да си ги повратат платените пари за влезници по откажување на овогодинешното Гранд При на Емилија Ромања.

Регионот Емилија Ромања беше зафатен од тешки поплави по преголемите врнежи во кус рок кои буквално ја парализираше областа, а пристап на легендарниот автодром Енцо и Дино Ферари беше забране за пристап додека требаше да почнат подготовките за трката во Недела.

По консултации помеѓу Формула 1, ФИА и сите засегнати страни, едногласно беше донесена одлука да се откаже настанот. Организаторите објавија дека на фановите кои купиле билети за настанот ќе добијат можност да ги добијат парите назад или пак да добијат влезници за трката гогодина, откако стана повеќе од јасно дека нема простор трката да се смести во календрот годинава.

поради проблемите со времето и состојбата во регионот емилија ромања, настанот Formula 1 Qatar Airways Made in Italy and Emilia Romagna Grand Prix, кој требаше да се одржи од 19 до 21 мај, нема да се одржи.

сите кои купиле влезници преку продажната мрежа и ticketone.it платформата се информирани дека имаат можност да си ги конвертираат во валидни влезници за следната година или пак да си ги добијат парите назад.

поради вонредната област во регионот, начинот и тајмингот на враќање на средствата наскоро ќе биде објавен преку различни методи, а следните денови ќе испратиме e-mail од аци спорт, компанијата на автомобилскиот клуб на италија во врска со влезниците од провајдерот Ticketone.it – велат од имола.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ