Имола блиску до четиригодишен договор со Ф1

Владата во Емилија Ромања го обезбедила неопходното финансирање и дозволи со цел Имола да биде домаќин ан Формула 1 трки до 2025 година.

Славниот автодром во Сан Марино се врати во календарот во втората половина на минатата сезона како трка за замена, дури 14 години  по последното појавување во календарот. Патеката беше домаќин на Формула 1 Гранд При трки од 1980 година до 2006 година како Сан Марино Гранд При.

НАстанот под името Голема награда на Емилија Ромања беше дел и од овогодинешниот календар во Април поради одложување и откажување на други трки, а Владата во италијанскиот регион не криеше дека сакаат да станат долгорочен дел од врвното тркање и дека преговараат со челниците на Формула 1.

Владата на Италија дала одобрување на регионалната Влада како и финансиски пакет за да се олесни враќањето во календарот. Од 20 милиони евра финансиска помош за настанот, дури 12 милиони евра ќе дојдат од националната Влада, 5 милиони евра од локалните власти, 2 милиони евра од приватни компании и 1 милион евра од автомобилистичката федерација на Италија (АЦИ).

Со обезбедено финансирање, АЦИ е во финални преговори со Формула 1 за обезбедување на четиригодишен договор за трката.

ни фали само еден чекор од одлуката која ја поддржа владата за организација на трка, а потоа и официјално ќе потвриме. по последните две експериментални изданија на трката, Гранд При трка во имола може лесно да стане редовен настан во календарот – најави стрефано боначини, претседател на емилија ромања.

Традиционалната трка за Големата награда на Италија ќе остане да се случува на Националниот автодром во Монца до 2025 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ