Имола останува забранета за пристап, трката неизвесна

Формула 1 персоналот не смее да биде присутен на автодромот во Имола засега откако локалните власти проценија дека ризикот од поплава е многу голем.

Среда вообичаено е ден кога се инсталира целокупната опрема во падокот, се местат гаражите и боксовите, но автодромот овој пат остана празен поради актуелната временска прогноза. Извори од неколку екипи потврдија дека локалната власт побарала да не се патува кон патеката, а времето се следи константно.

Обилните дождови донесоа силни поплави во Емилија Ромања регионот, а најавите за лошо време продолжуваат. Нивото на реките е многу високо, така што се очекуаат и поплави утре вечер што е голем проблем за трката.

Делови од автодромот во моментов се под вода вклучиелно и делот од каде телевизиите го вршат преносот, додека во моментов боксовите и падокот не се загрозени, но не мора да значи дека ќе остане така.

Во Вторник вечер се појави вест дека членовите на Алпин биле принудени да го напуштат својот хотел во Имола поради поплавите, но таквата вест беше демантирана од тимот.

Официјални лица од Формула 1 и регионалната власт имаа состанок утрово за да донесат заедничка одлука како ќе се одговори на тешкаа ситуација околу Имола и што да се превземе со трката викендов, така што во текот на денов се очекуваат вести.

За утре е најавено подобрување на времето, но тешко дека во Петок болидите ќе може да возат по патеката, иако најголем проблем е инфрастурктурата околу Автодромот Енцо и Дино Ферари и поплавените и тешко проодни патишта кои водат до таму.

Пристигнувањето на публиката исто така е проблем, поради патиштата, но и поради поплавента инфраструктура, трибини и паркинзи околу автодромот. Можно е да се ограничи бројот на гледачи на кои ќе им биде дозволен пристап, да се згусне распоредок викендов и слични решенија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ