Имола ќе ја менува Франција од наредната сезона

Се чини дека легендарната патека Имола ќе остане на календарот од наредната сезона па се до 2025 година. 

Патеката се врати на календарот минатата сезона кога се организираа повеќе трки во Европа без гледачи, поради пандемијата. И оваа година автодромот Енцо и Дино Ферари беше додаден во каленарот како замена за трката во Кина поради рестрикциите за патување. Патеката беше добро прифатена од фановите и возачите и многумина сакаа да се врати на календарот. 

Стефано Боначини кој е претседател на регионот Емилија Ромања потврди дека имало таков предлог од Формула 1. 

Како регион сме доста успешни во организирање спортски настани од висок калибар и се надеваме дека ќе останеме на Формула 1 календарот. Дадовме предлог до владата и очекуваме позитивен одговор. Историски би било фантастично за сите на Имола и Емилија Ромања. 

Според градоначалникот на Имола, Марко Паниери, патеката е избрана за домаќин и се чека официјална објава во наредните денови. 

Договорот е сигурен и официјално ќе биде објавено во сабота. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ