Како ќе влијае новиот асфалт во Барселона на тестирањата

Првиот човек на Пирели Моторспорт, Марио Исола, објасни дека во текот на првите два денови од првиот тест во Барселона ќе има значително подобрување на времињата поради новиот асфалт кој неодамна е поставен. Шпанците поставија целосно нов слој на патеката откако МотоГП трката оваа година беше неизвесна по ланскиот дебалк.

Првиот предзсезонски тест е закажан за 26 Февруари, а Пирели планира веќе следната недела да прати свои инженери на патеката за да приберат податоци за новиот асфалт.

Официјалчните лица на патеката ми кажаа дека нивна цел е новиот асфалт да биде еднакво цврст како и постоечкиот, но јасно е дека никогаш не може да биде апсолутно идентичен иако целта е таа.

Вообичаено цврстината на асфалтот се мери во Среда пред секоја Гранд При трка, а наш план е следната недела да пратиме инженери на патеката за да го измерат новиот слој и да го споредиме со стариот за кој имаме податоци.

Знам дека се планираат многу автомобили да поминат на патеката откако ќе заврши асфалтирањето па се до почетокот на предсезонскиот тест за да се стабилизира истиот и сигурен сум дека на почетокот на тестот ќе имаме големо подобрување на времињата.

Постојат некои процедури кои се прават како на пример прскање со вода под висок притисок, чистење и подмачкување на најгорниот слој и слично. Веројатно е дека константни услови ќе видиме дури на вториот тест во Март – објасни Исола.

Италијанците сеуште немаат објавено компоненти од кои тимовите ќе може да избираат за Шпанското Гранд При кое е на програмата во Мај, а Исола смета дека промената на асфалтот ја прави таа одлука потешка.

Проблем е што компонентите се бираат врз база на цврстината на асфалтот, изгледот и енергијата која се троши. Имаме своја база од која одбираме врз база на податоците кои ги внесуваме.

Јасно е дека ако имаме целосна промена на асфалтот како во Сепанг пред две години се ќе биде целосно поразлично отколку на претходните трки. Малезија беше една од најагресивните патеки, но со новиот асфалт добивме можност да одиме со едно ниво помеки гуми.

Херез беше исто, лани доби нов асфалт во Октомври, а ние бевме истиот месец таму со Формула 2 и ГП3 болидите. Пред трката ги пративме инженерите да ја измерат цврстината на асфалтот и беше целосно различен и многу помек. Поради тоа одбравме едно ниво помеку гуми – заврши Исола.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ