Квјат: Сезонава е една од најдобрите за мене

Даниил Квјат е задоволен од тоа како се одвиваше оваа тркачка сезона за него и смета дека истата е една од најдобрите во неговта Формула 1 тркачка кариера.

Русинот освои 37 поени за Торо Росо годинава и заврши на 13то место во возачкиот поредок, а имаше и фантастично 3то место на Германското Гранд При за прв подиум за тимот од Фаенца по пауза од 10 години. Во текот на неговите пет сезони минати во Формула 1 тој само еднаш имаше повеќе поени од годинава, во 2015 година кога возеше за Ред Бул.

многу сум задоволен да бидам искрен и мислам дека ова е една од моите најдобри сезона во формула 1. некои трки се одвиваат како што сакате, некои не, но така работи средината од поредокот каде е многу тесно и изедначено и секој грешка чини многу.

во бразил загубив доста, но пјер гасли искористи многу и надомести за тимот. така работи спортот и мислам дека годинава бев многу посилен одошто мојата последна сезона во врвната моторспорт тркачка серија – смета дани.

Со помош на одличниот русин, Торо Росо стигнаа до најсилниот пласман во нивната историја со 85 поени и два подиуми доволни за 6то место во конструкторскиот поредок.

годината за торо росо беше навистина силна, можеби најсилна во историјата. јасно е дека е одлично да се бориме за високи позиции кај конструкторите и одлично е да се биде дел од таа атмосфера.

екипата секогаш била одлична, од почетокот на годнава бевме константно во поени и секогаш ги користевме можностите со стратегијата и освојувавме поени дури и кога не бевме силни и тоа беше клучно. секако дек добриот болид ни помогна, а успехот ќе не мотивира за следната година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ