Кубица доби ДТМ тест со БМВ на Херез

Роберт Кубица ќе добие можност да вози повторно за БМВ на патеката Херез следната недела и ќе вози БМВ Моторспорт М4 ДТМ во тестот за дебитанти.

Кубица, кој се раздели со Вилијамс, се надева дека ќе добие тест улога во Формула 1 следната сезона, но исто така и постојано работно место во ДТМ.

Сакам да им се заблагодарам на БМВ Моторспорт за можноста да тестирам на Херез. Одвај чекам на тестот и можноста да се запознаам со ДТМ автомобил и турбо моторот. Можам да си ја замислам иднината во ДТМ.

Секогаш барам нови предизвици, а ДТМ е токму тоа. Во серијата има многу квалитетни возачи и стандардот е многу висок. Сепак, мора да почекаме и да видиме како ќе поминам на тестот.

Кубица веќе имаше неколкучасовен тест со БМВ Моторспорт во нивниот симулатор, а во Херез ќе вози покрај јуниорот на БМВ, Ник Јелоли.

Презадоволни сме да му понудиме можност на Роберт да учествува на тестот. Роберт е големо име во моторспортот и тркачките серии. Сега сме возбудени да дознаеме како ќе помине на тестот – изјави Јенс Маргард, шефот на БМВ Моторспорт.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ