Либерти Медиа оптимисти за настаните во живо

Претседателот на Либерти Медиа, го истакна својот оптимизам дека настаните во живо за фановите повторно ќе бидат успешни по крајот на КОВИД-19.

Либерти Медиа е сопственик на Формула 1 групацијата, безбол екипата на Атланта Брејвс и Сириус ХМ, а тие се мнозински акционер во Live Nation Entertainment, компанијата која организира концерти и други големи настани во живо.

Но на состанокот на акционери, претседателот Џон Малоун, ја истакна својата верба дека јавните настани сеуште ќе бидат популарни и исплатливи во иднина.

Оригиналната идеја за постоење на настани во живо не е сменета. За жал, имавме пандемија, лично сметам дека ќе има лек или вакцина многу брзо и ќе се вратиме во нормални услови.

Најверојатно ќе има лош период. Очигледно ќе има депресија на вредноста, но тоа претставува можност за сите ние кои веруваме во долгорочна иднина, дека ова е вистинското време. Мислам дека ситуацијата ќе биде добра со настаните во живо.

Луѓето не може да бидат затворени, тука во Флорида, сите локали се отворени и се полни. Ќе видиме. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ