Мансел за модерната Ф1: Се е променето

Најџел Мансел, поранешниот Формула 1 првак, посочи дека трошоците на модерната тркачка серија се толку големи што целосно го промениле спортот.

Првакот од 1992 година посочи дека трошоците во Формула 1 направиле да биде невозможно да се победи без поддршка на голем производител. Тој победи 28 пати од вкупно 31 триумф возејќи доминантен болидт на Вилијамс, иако тимот потоа стагнираше и има само една победа по 2005 година затоа што нема поддршка од голем производител.

кога возев за колин чепман во лотус, тој велеше дека трошоците за една екипа со 100 луѓе кои одат на секоја трка низ светот, плати за нив, за возачите и се останато се 3 милиони фунти годишно. денеска, односно пред ограничувањето, имаше екипи кои трошеа половина милијарда по сезона.

целото лице на ормула 1 е променето и доколку немате поддршка од голем производител зад себе не може да направите ништо, а претприемачите како колин или кен тајрел повеќе не постојат. во формула 1 за да стигнете до врвот мора да сте силни, да трошите повеќе од најдобрите, така што тоа е премногу тешко. навистина е тешко за помалите екипи со поскромни буџети.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ