Мансел откри зошто колегите не го сакале

Британската Формула 1 легенда, Најџел Мансел, откри зошто никогаш немал добар однос со колегите за времето минато на гридот во Гранд При тркањето.

Шампионот од 1992 годниа смета дека ладнат атмосфера била поради фактот што секогаш ги победувал колегите возејќи исти болид. Тој победи на 31 трка во кариерата која треше од 1980 до 1995 година, а колеги во кариерата му биле возачи од рангот на Марио Андрети, Кеке Розберг, Нелсон Пике и Алан Прост.

Како колега на двократниот шампион Пике во 1986 година, Мансел победи само два пати и се очекуваше да му даде поддршка на бразилецот во борбата за титула. Но, беше силен во вториот дел од сезоната и дури и самиот ќе стигнеше до насловот доколку не му пукнеше гума на финалната трка во Аделаид. Возачите редовно беа “на нож“ за време на заедничкиот престој во Вилијамс, најмогу поради тоа што Најџел беше побрзиот од двајцата.

луѓето забораваат дека додека возев за екипите до 1991-92 година, јас бев возач број два и возев крај четворица различни шампиони. кога ќе се осврнам на мојата кариера, разбирам повеќе сега одошто тогаш затоа што никогаш не бев свесен дека толку многуне ме сакаат.

кога сте шампион и поразени сте од втор возач како што јас бев на нелсон пике во вилијамс, сигурно дека нема да бидеме пријатели – ср присети најџел.

Откако во 1986 и 1987 година беше многу блиску до титула, Мансел направи трансфер во Ферари за 1989 година, но остана во сенка по доаѓањето на Професорот Прост во тимот. Французинот имаше четири победи зад себе до средина од првенството, а Најџел имаше проблеми со болидот и немаше победи.

Се откажа од трката на Силверстон додека водеше, така што во гнев одлучи да се повлече од спортот по трката, иако подоцна се премисли за да потпише за Вилијамс во 1991 година.

Во врска со престојот во Ферари, тој посочи дека проблемите со болидот биле резултат на фактот што бил возач број два во тимот.

се повлеков на крајот од 1990 година на силверстон затоа што ми почина пријател со кого многу добро се познававме и немав никаква поддршка од тимот. потпишав како возач број еден за ферари за 1989 и 1990 година, а потоа тие донесоа друг возач со тој статус, го донесоа алан прост.

издрживоста на болидите тогаш беше клучна, ако не завршите трка нема да освоите поени кои ви требаат за титула. ако сте чисто прв возач во 1980-тите и 1990-тите години, имате 30% поголеми шанси да ја завршите трката.

одлучив во силверстон дека е доволно и дека никогаш нема да добјам поддршка од тимот за да стигнам до врвот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ