Можни стратегии според Пирели за Шпанското ГП

Која ќе биде победничката стратегија на Шпанското Гранд При според снабдувачот на пневматици Пирели?

Додека се можни три стратегии со 2 влегувања во бокс за тимовите, од Пирели сметаат дека на патеката Каталуња може да видиме и стратегија со 3 застанувања за возачите.

Најбрза стратегија според снабдувачот е старт на софт компонента, а потоа влез во бокс помеѓу 13 и 18 круг за сет на хард, со второ влегување помеѓу 37 и 43 круг за уште еден сет хард пневматици.

Втора најбрза стратегија е продолжување на првиот стинт со софт помеѓу 15-20 круг, со премин на хард помеѓу 46-51 круг, а потоа повторно софт до крајот на трката.

Алтернатива на втората стратегија е промена на медиум гуми помеѓу 40-46 круг.

Тимовите и возачите можно е да се одлучат и за стратегија со 3 застанувања во бокс со старт на софт гуми. Влез за сет хард помеѓу 10-15 круг, за промена кон софт помеѓу 31-36 и уште еден сет софт помеѓу 48-54 круг.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ