Можно е зголемување на периодот на безбедносно возило

Директорот за трки во Формула 1, Мајкл Маси, изјави дека ќе го зголеми периодот на безбедносното возило доколку тоа помогне да се избегнат несакани инциденти како тој на Имола.

На Имола, Ленс Строл, на кого му беше дозволено да се врати во водечкиот круг, се обиде да ги стигне останатите кога за малку избегна стјуард кој ја расчистуваше патеката по извртувањето на Џорџ Расел кој удри во ѕидот. Истата област беше под двојно истакнато жолто знаме.

Веќе го заменивме процесот со кој се справуваме со процедурата за враќање во водечкиот круг, кој го дискутиравме со тимските менаџери и возачите. Но, во исто време, ги советував дека во тие околности можеби ќе биде потребен дополнителен круг или два.

Тоа сите го прифатија. Имавме добра дискусија со менаџерите во Турција, а потоа и со возачите. Моментално, со правилата, повеќе е процес и процедура за тоа како ќе се имплементира од регулаторна гледна точка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ