Ник Честер замина од Рено

Техничкиот директор на Рено и одговорен за шасијата, Ник Честер, си заминува од екипата како дел од големи промени во техничкиот оддел на француската Формула 1 екипа. Честер беше дел од Енстоун од почетокот на овој век, се приклучи на тогашниот Бенетон тим како инженер за трки, а потоа беше во повеќе улоги пред оформувањето на екипата на Рено, па Лотус, па повторно Рено.

Досега, Честер беше клучен дел од техничкото водство на Рено, кое го води Марцин Будковски, но сега е веќе на пауза од неговата улога пред официјалното заминување.

Неговата улога беше под сомнеж минатиот месец кога беше ангажиран Дирк де Боер како главен за аеродинамика, откако Рено се обидуваат да ги надоместат своите недостатоци во формата. По пласманот на четвртто место минатата година, Рено целеше да ја намали разликата кон водечките Мерцедес, Ферари и Ред Бул, но наместо тоа, тие паднаа на петто место и беа поразени од нивните клиенти за мотори, Мекларен.

Сакаме искрено да му се заблагодариме на Ник за се што направи и му посакуваме најголем успех во следната фаза од неговата кариера – изјави Сирил Абитебул, тимскиот шеф на Рено.

При заминувањето, Честер му се придружува на Питер Машин, одговорниот за аеродинамика. Рено веќе објавија дека Пет Фрај, Формула 1 инженерот, ќе се приклучи на екипата во 2020 година по обврските во Меклаен.

Кога беше ангажиран де Боер, Винс Тод беше поставен во улогата на заменик шеф за аеродинамика. Џејмс Роџер, постариот аеродинамичар за идни проекти, беше промовиран во главен аеродинамичар во исто време кога беше најавено пристигнувањето на де Боер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ