Новите бои на Рено … идентични со старите

Во пресрет на првата трка од сезоната, како што претходно беше најавено, Рено ги откри официјалните бои на болидот за оваа тркачка сезона, како и новиот спонзор и партнер на тимот.

Предсезонскиот тест во Барселона тимот го одработе со преубав болид предимно обоен во црна боја, а официјалните бои ќе бидат идентични со ланските. Најголема промена има задното крило кое лани беше жолто, а сега е црно како дел од договорот со новиот логистички партнер на тимот DP World кои се потпишани и на предното и страничните крила. Официјалното име на тимот ќе биде Рено ДП Ворлд Ф1 тим.

Францускиот фабрички тим е последен кој официјално ги потврди боите за сезонава откако тестираа со друга боја. Лани тие финишираа на 5то место, а цел им е сезонава да ја вратат позицијата како најдобри од останатите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ