Одложен Хајнекен Ф1 Фестивалот во Јужна Африка

По прогласувањето на пандемија од корона вирус и одложувањето на првите четири Формула 1 трки од календарот, шефовите на тркаката серија се свесни дека болидите нема да се тркаат барем до Мај.

Во исто време откажан е и Хајнекен Формула 1 Фестивалот кој требаше да се одржи во Јужна Африка, поточно во главниот град Јоханесбург како дел од обидот за враќање на врвната тркачка серија на “црниот континент“.

На својот официјален вебсајт организаторите објавија дека го одложуваат настанот за подоцна во текот на годината поради безбедноста на учесниците и гледачите. Планирано беше да се одржи на 29 Март, а нов датум сеуште нема.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ