Окон можел до крајот и без влегување во бокс

Естебан Окон вели дека можел да вози до крајот на Португалското Гранд При со медиум пневматиците на кои ја започна трката. 

Францускиот возач на Рено беше последниот од возачите кои го направија задолжителното менување на пневматици откако успеа да ги менаџира своите медиум пневматици 55 од 66 кругови колку што траеше трката, по што премина на софт. Тој излезе од боксот пред Даниел Рикардо на осмата позиција, но не успеа да ги нападне тие пред него.

Беше прилично добра трка и Причилно луд старт. Само што тргавме веднаш почна да врне. Си помислив дека е одличен тајминг. Беше лизгаво низ свиоците, Но успеавме да издржиме со медиум многу долго време и задоволен сум со тоа.

Комуникацијата помеѓу мене и тимот беше добра и извозевме 55 кругови со истите пневматици. Викендот е добар со два болида во поени бидејќи беше тешко на моменти – објасни естебан.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ