Окон нетрпелив на 8та кривина од Истанбул

Естебан Окон е нетрпелив да го одработи своето прво Турско Гранд При, особено не може да дочека да “пролета“ по иконскатата 8ма кривина на се чини најдобрата креација на Херман Тилке.

Истанбул Парк се смета за една од најдобрите патеки изградени во поново време, така што сите се возбудени што прв пат од 2011 година Формула 1 ќе се трка на автодромот. Дефинитивно најпопуларен дел од патеката е долгиот и пребрз 8ми свиок со четири врвови, еден од најголемите предизвици за еден Формула 1 болид.

Французинот Окон имаше 15 години кога последен пат Формула 1 беше во Турција, така што е јасно дека немал можност да вози по патеката.

никогаш порано не сум се тркал на истанбул парк и тоа е целосно нова патека за мене. сум ги гледал сите трки кога бев помал и патеката изгледа импресивно. се сеќавам на неверојатн тркачки моменти и дуели помеѓу михаел и фернандo и нивниот луд последен круг во 2006 година.

има некои навистин кул кривини, кругот е брз и бара многу работ додека се вози. треба да биде возбудливо со овие модерни и брзи болиди. првата кривина е на надолнина и буквално пристапот е “на слепо“. има многу средни и брзи кривини и одличен тек.

кривината број осум е тројна во лево, изглед импресивно со старите болиди, а со денешните мислам дека ќе биде уште подобро. не можам да дочекам да возам.

вообичаено на брзите патеки сме добри со нашиот пакет и мислам дека и овој пат ќе биде супер да се вози, а претекнувањето ќе биде можно на правците – смета окон.

Тркачкиот викенд крај Истанбул ќе биде нормален и ќе има три тренинг сесии во пресрет на квалификациите, така што возачите ќе имаат доволно време да се привикнат и да ја научат патеката.

тренирав дома за да ја научам патеката. ќе има предизвици како на пример промените во височината и слепите кривини. патеката неодамна доби целосно нов асфалт и ќе возиме со тврди гуми, слично на португалија, така што очекувам на почетокот да недостасува грип.

маме ограничени податоци за подготовка, но ќе имаме вообичаен петок и треба да биде полесно одошто на имола и во нирбургринг каде не возевме во петок.

мислам дека ќе бидеме во добра форма како и на последните трки и подготвен исме за предизвикот. јас сакам да ја оставам лошата среќа зад мене и да целам на добри резултати.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ