Окон: Не е тајна дека целам кон подиумот наскоро

Естебан Окон ја истакна неверојатна форма на Рено од страна на Рикардо кој заврши на подиумот два пати на последните три трки, но французинот цели дека и тој ќе застане на подиумот наскоро.

Окон имаше проблеми да ги покаже перформансите на својот тимски колега во квалификациите, но во трките тој немаше среќа со механички проблеми, што доведе до извинување и од тимскиот шеф, Сирил Абитебул по последната трка на Имола.

Но и покрај тоа, Окон е посветен се повеќе кон враќање кон подиумото во блиска иднина.

Морам да кажам, Даниел е во неверојатна форма. Подиумот во Германија значеше многу за тимот и доведе до многу насмевки во екипата. Не е тајна дека сакам да бидам таму и јас, сакам и јас да придонесам кон успехот на тимот.

Знам дека сум способен за силни резултати од моја страна, но се откажав од последните две од три трки поради технички проблеми. Мора да ги завршиме трките, а знам дека можам да бидам на врвот.

Во Португалија ја ограничивме штетата бидејќи немавме форма за во топ 5, но освоиме поени – вели Окон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ