Окон презадоволен од Рено: Новиот мотор е најдобриот што сум го возел

Французинот од Алпин, Естебан Окон, вели дека новиот мотор на Рено за оваа година е најдобриот кој го возел во својаа Формула 1 тркачка кариера.

Поранешниот резервист на Мерцедес ја почнува својата втора сезона во Енстон откако лани дојде до подиум, но беше послаб од својот колега Даниел Рикардо и неубедливо го почна првенството. Рено донесоа новини кај својот агрегат  за сезонава пред целосно новиот концепт кој го планираат за 2022 година, но Окон е импресиониран од напредокот во текот на зимата.

дефинитивно моторот е голем чекор напред. екипата работеше на некои области, а резултатите беа видливи уште на предсезонскиот тест, се е подобрено. правилата се различни, но не се многу променети така што екипите имаат добра претстава на што треба да се работи.

мислам дека го имам најдобриот мотор кој до сега сум го возел во кариерата иако е тешко да се спореди со другите од гридот во моментов – свесен е естебан.

Во времето додека се тркаше за Форс Индија и Рејсинг Поинт, тој возеше мотор на Мерцедес чиј резервист беше во 2019 година. Неговиот колега, искусниот Фернандо Алонсо, исто така нема никакви поплаки за новиот мотор на екипата.

споредбите на моторите секогаш се тешки да се направат затоа што не е само моќта на моторот она што треба да се спореди. правилата се малку променети, а забранети се и модовите за квалификации и трка како што беше пред две години.

има различни работи за споредба, но можам да кажам дека сме среќни и задоволни со моторот кој го имаме на располагање оваа сезона. се работи за еволуција од ланскиот и одлично беше чувството да се вози на тестот. најважно е што немавме проблеми од агрегатот годинава.

главна разлика со периодот од пред шест години кога почна хибридната ера е издржливоста и тоа што проблемите се многу мали што е доказ дека инженерите вршат феноменална работа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ