Окон пресреќен што го победил Рикардо

Естебан Окон е пресреќен што завршил пред својот тимски колега, Даниел Рикардо, благодарение на долгата прва серија на медиум гуми. 

Французинот се мачи да му конкурира на Даниел Рикардо во поголемиот дел од оваа сезона, но овој пат успеа да биде подобар од него. 

Рикардо стартуваше од 10та позиција откако го изври и штети болидот на крајот од К2 сегментот од квалификациите и не беше во можност да вози на К3 поради штетата. Окон стартуваше од 11та позиција на медиум гуми додека Рикардо мораше да стартува на софт. 

Имав добра трка. Беше тешко на стартот со медиум, но бев мирен и морав да ги менаџирам. Извозев 53 кругови на нив што се чинеше доста време и на крајот имав силно темпо. Кратките врнежи правеа проблеми со грипот, но на крајот добро е што двата болида завршија во топ 10 – среќен е францускиот возач.

Окон имаше добра борба со Серхио Перез кој мораше да напредува поради извртувањето на стартот. Двојката има историја на инциденти на патеката од времето кога беа колеги, но сега немаше проблеми. 

Имав борба со Перез, но го пуштив бидејќи ќе губевме време. беше тесно, но интересно. После тоа изгубив време во боксот но момците завршија одлична работа и освоивме поени со двата болида во тежок викенд за нас. 

Запрашан за тоа како се чувствува што го победил Рикардо, тој изјави дека е задоволен со прогресот. 

Среќен сум што бев пред него. Мислам дека се доближувам до него што е одлично чувство. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ