Олимпико анализа: Алонсо незадоволен од квалификациските правила за гумите

Фернандо Алонсо верува дека правилото според кое најбрзите 10 од квалификациите треба да стартуваат со истите гуми со кои го поставиле најбрзото К2 време, ги фаворизира најбрзите тимови и болиди.

Мерцедес и Ред Бул како најбрзи екипи на гридот во моментов редовно минуваат во последниот квалификациски сегмент на медиум гуми и тоа им носи предност на првата серија која ја возат најдолго и н тој начин стекнуваат предност. Нандо смета дека то не е фер затоа што имаат можност за флексибилна стратегија дополнително од својата предност во однос на ритамот.

Претстојното Австриско Гранд При ќе се одработи со скалило помеки гуми од Штаерското, нема повеќе да ја има хард која се користеше многу на трката, а медиум ќе биде најтврдата компонента. Поради тоа, Алонсо смета дека трка со две промени на гуми ќе се одвива во Недела.

промената на гуми ќе биде предизвик, ако почнете со најмеките гуми, ќе биде потешко. брзите болиди ќе имаат луксуз да ја избегнат најмеката компонента, но ние од средината не можеме тоа да си го дозволиме.

тоа е лошо со овие правила, се обидуваат да измислат нешто што ќе го подобри шоуто, но тоа само им помага на ионака првите и најбрзи екипи – вели алонсо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ