Олимпико анализа: Пирели веруваат дека остатоци на патеката ги дупнале гумите

Шефот на Пирели моторспорт, Марио Исола, верува дека пукнатите задни леви гуми кај Макс Верстапен и Ленс Строл биле поради остатоци и нечистотии на патеката.

Строл и Верстапен имаа несреќа на главниот правец при голема брзина и кај двајцата откажа најмеката компонента во задната лева страна од болидот. Исола откри дека исекотина била најдена и на гумата на Луис Хамилтон по крајот на трката, така што не се исклучува можноста повеќе возачи да имале проблеми со гумите.

Италијанецот посочи дека инстантно издишување на гумата може да биде предизвикано од исекотини од остатоци на патеката, а доколку структурата на гумата попушти, тоа возачот ќе го почувствува.

јасно е дека мораме темелно да го истражие тоа што се случи за се да биде јасно. она што до сега го собравме се само прелиминарни индиции. се работеше за инстантно издишување на гумите кај ленс и макс без никакво предупредување.

кај двајцата страдаше задното лево тркало кое не е под најголем притисок на патеката затоа што најмногу притисок трпи задното десно. во однос на истрошеноста, најмногу се троши предното десно тркало, така што не се работи за трошење на гумите.

друг елемент кој е важен е што најдовме исекотина на задната лева гума на луис хамилтон и истата беше доста длабока. го најдовме тоа за време на црвеното знаме, значи гумата била користена во истата серија кога откажа гумата на макс.

болидите запреа да монтираат нови гуми, ги проверивме сите користени и најдовме исекотина на гумата на хамилтон. за среќа, резот не ја имаше исечео конструкцијата на пневматикот и поради тоа гумата не губеше притисок.

останатите гуми кои беа користени 30, 32 или 33 кругови немаа никаков знак за потенцијален проблем и тоа е се што знаеме во моментов. сите гуми ги праќаме со авион за милано утре темелно да се анализираат колку што може поскоро и да видиме што беше проблем за денешните судари – објасни исола.

Тој посочи дека целосно ја разбира загреиженоста на Строл, Верстапен и останатите возачи.

невозможно е да се дизајнира гума која ќе биде отпорна на секакви остатоци, но мораме да спроедеме некои работи за да не се повторат проблемите. ги разбирам возачите кои се судрија на таа брзина, ја разбирам нивната загриженост и јас сум загрижен како и тие.

верувам дека виновни се остатоци на патеката затоа што двајцата не добиле никакво предупредување и не почувствувале ништо чудно на болидот, суспензијата, гумите, кочниците, ништо што ќе им навестило проблем.

задната лева гума не е под најголем притисок, а со оглед на тоа што најдовме исекотина и на гумите на луис, има индикации да веруваме дека остатоци на патеката се виновни за проблеите.

сепак, не сакаме да исклучуваме ништо затоа што, како што кажа макс, такви работи не смее да се случуваат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ