Олимпико анализа: Пирели ги објави резултатите од анализата

Единсвениот снабдувач со гуми во Формула 1, италијански Пирели, откри дека откажувањето на гуите кај Ленс Строл и Макс Верстапен е поради начинот на кој екипите ги користеле пневматиците.

Кај двајцата возачи откажаа задните леви гуми за време на трката во Баку, а првичниот сомнеж на Пирели беше дека проблем се нечистотиите на патеката. Теоријата беше поткрепена и со фактот што и кај други возачи биле најдени исекотини на гумите, но не доволни за да предизвикаат откажување.

По крајот на трката Пирели најавија темелна анализа за она што се случило и авионски ги пренесоа гумите во својата база во Милано каде лабораториите деноноќно работеа. Во Вторник италијанците излегоа со свое соопштение со кое јасно посочија дека тие немаат никаква вина.

Пирели вели дека пукнувањата биле предизвикани од букцално кршење на внатрешниот страничен ѕид на гумата, а не на исекотина од некаков остаток, како што првично се тврдеше. Тие сметаат дека дефектот бил поради начинот на кој се возеле гумите, веројатно предизвикано од притисокот или температурата на која се користеле.

анализата ги зема во предвид и гумите користени од другит болиди во текот на трката кои имаа исти или поголем број кругови ви нив и ги спореди со оштетените.

процесот доведе до заклучок дека нема никаква грешка при производство или дефицит во квалитетот кај никоја гума нити пак некакв грешка од пирели. причините за пукање на двете задни леви гуми на астон мартин и ред бул болидите се јасно идентификувани. во двата случаи беше поради кршење на внатрешниот страничен ѕид кое може да биде поврзано со условите и начинот на користење на гумите и покрај пропишаните параметри како минимален притисок и максиално загревање – се вели во соопштението.

Екипите мора д апочитуваат минимален притисок кој го пропишува Пирели кога гумите се монтирани на болидите, но штом болидот е на патеката тимот нема обврска да го користи тој притисок. Тоа значи дека тимовите може да го спуштат притисокот во гумите штом завршат со проверките, но тоа значи дека гумата е под поголем стрес при возењето.

Пирели открија дека имаат намера д воведа нови протоколи за притисок и топлина со користење на ќебињата за загревање со цел да не се повторат проблемите од Баку и за тоа веќе ја информирале ФИА.

како резултат од анализите, пирели ги поднесе извештајот до фиа и екипите. пирели заедно со фиа договорија нов сет на протоколи вклучитело и технички директиви кои се дистрибуирани за надлгедување на оперативните услови во текот на тркачкиот викенд и превземање на акција.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ