Олимпико анализа: Пирели најавуваат една промена на гуми

Пирели го потврдија својот избор на гуми за Големата награда на Франција, избор за кој сметаат дека ќе донесе различни стратегии.

Италијанците се решија за средните три компоненти од својата гама, односно Ц2, Ц3 и Ц4, истите оние со кои се одработија трките низ улиците на Бахреин и онаа во Имомла. Номинацијата за последната трка на Ле Кастеле во 2019 година беше иста и тогаш речиси сите извозеа со една промена, стартот беше на софт, а втората серија на медиум или хард.

повторно ги користиме гумите како на првите две трки од сезоната, средните три компоненти од нашата гама. ова е најразновидна комбинација која носи различни барања поради што е одлично за пол рикар, патека која има различна мешавина од кривини.

поради одличните карактеристики, пол рикар е редовно патека на која се тестира, а трка таму немавме вече две години. сепак, тестиравме 18-инчни гуми на оваа патека годинава, а минатиот месец имавме и ГТ трка.

за франција одиме со истите номинации како и последната трка таму која донесе едно застанување за промена на гуми. сепак, се одработија различни стратегии со една промена, така очекуваме да биде и годинава – најави марио исола, шефот на пирели моторспорт.

Италијанците ќе бараат подобар викенд од претходниот каде имаа две пукнати гуми при голема брзина на стартниот правец во Баку и сеуште се на мета на критики.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ