Олимпико анализа: Пирели најавува различни гуми догодина

Шефот на Пирели моторспорт, Марио Исола, вети дека во однос на деградацијата на гуми, следната сезона ќе биде сосема поразлична споредена со оваа.

Италијанците се на мета на жестоки критики по Азербејџанското Гранд При каде откажаа задните леви гуми на Ленс Строл и Макс Верстапен на главниот правец каде се развиваат најголеми брзини. Исола смирува и најавува дека од следната година деградацијата нема да биде проблем.

согласно сегашниот систем, гумите се намерно така дизајнирани да имаат деградација, но следната година ќе биде поинаку затоа што барањата за дизајн на 18-инчните гуми се различни од сегашните, треба да има помалку прегревање и помала деградација.

целосно ги разбирам критиките на дејвид култхард кој возеше пред 10 години кога системот беше целосно поинаков. актуелните болиди се многу, многу брзи, но и многу потешки споредено со минатите и тоа става огромен притисок на гумите што создава деградација. така, кога следите друг болид, губите потисна сила што е дополнителен елемент кој отежнува.

работиме заедно со фиа и со фом за да имаме различна ситуација за следната година и сигурен сум дека ако не се губи потисна сила кога се следи голид, гумите кои ќе ги имаме ќе стигнат до целта – најави исола.

Со целосно новата регулатива која треба да стапи на сила, болидите догодина комплетно ќе се разликуваат од актуелните. Со цел тест на гумите, Пирели користи посебно прилагодени болиди од страна на екипите.

не е само тежината таа што создава дополнителен притисок на гумите, туку и потисната сила и брзната, така што има многу работи кои треба да ги имаме под контрола. јасно е дека дизајнираме гуми за следната сезона со сите тие варијабли во обзир, но бараме и од екипите да ни дадат болиди кои добро ќе симулираат она што ќе се случи догодина.

иако тежината на прилагодените болиди е иста како онаа за следната година, дистрибуцијата на тежината, потисната сила се различни и ние мораме да размислиме на се – заврши марио.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ