Олимпико анализа: Пирели најавува трка со една промена на гуми

Единствениот снабдувач со гуми во Формула 1, италијански Пирели, очекува Штаерско Гранд При со една промена на гуми, иако евентуалниот дожд кој е најавен, може да промени многу работи.

И покрај тоа што се најавуваа врнежи и на квалификациите, вчерашните сесии беа суви и топли, а температурата на патеката беше 52 степени во средниот квалификациски сегмент. Компанијата од Милано за претсојното Штаерско Гранд При ги донесе средните компоненти од својата гама и тоа Ц2 како најтврд бело маркиран, Ц3 како средно тврд медиум означел со жолта боја и Ц4 како црвен софт.

Макс Верстапен освои пол позиција со круг кој беше единствен под 1 минута и 3 секунди и истото го стори со најмекиоте Ц4 гуми. Во однос на средниот квалификациски семгнет, Мерцедес и Верстапен минаа со жолт медиум, гуми со кои ќе стартуваат и поради што ќе имаат стратешка предност.

Доколку трката во текот на 71 круг не донесе дожд, едно влегување во боксот е најбрз начин за комплетирање на трката. Најголем дел од топ 10 ќе тргне на софт и ќе промени на хард, додека Мерцедес и Верстапен ќе понат на медиум, ќе имаат подолга серија и ќе минат на најтврдата компонента потоа.

Image

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ