Олимпико анализа: Ф1 може да биде интересна и со еден производител на гуми

Пирели се убедени дека Формула 1 може да биде многу возбудлива и со еден снабдувач на гуми.

Поранешниот Формула 1 возач, шкотланѓанецот Дејвид Култхард, неделава призна дека Пирели ерата во тркачката серија е здодевна споредено со периодот кога имало повеќе од еден доставувач на гуми во тркачката серија.

разговарав со дејвид и морам д кажам дека не ги критикуваше пирели. но, јасно е дека сака период кога и производителите на гуми војуваат со своите производи. не му се допаѓа сегашниот систем каде гумите се дизајнирани врз основа на степенот на деградација – објасни исола.

Сепак, Исола вели дека Пирели секогаш добива писмо со цели кои треба да ги задоволи, а така е и за новите 18-инчни гуми за 2022 година. Тој најави дека целта е помалку прегревање и помала деградација.

мораме да се фокусираме на компоненетите со поголем опсег на работа за да го намалиме прегревањето. тоа што можам да го кажам е дека во екот на тестирањето ја меревме деградацијата и баравме од возачите силно да притискаат секој круг за да имаме добра претстава што ќе се слсучи догодина. резултатите беа ветувачки.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ