Падокот во Имола евакуиран поради поплави

Персоналот од Формула 1 екипите беше евакуиран од падокот на Имола вчера вечер по поплавите од обилните врнежи кои доведоа до излевање на реката Салерно.

Сликите објавени на социјалните мрежи покажаа како коментаторските позиции и падокот веќе се под вода по долгорочниот дожд во областа. Екипите веќе беа во тек на подготовка на своите гаражи, камионите беа на воите места, а поставени беа и објектите на екипипте за Големата награда на Емилија Ромања. Шпекулациите за многу лошо време и можноста од поплави веќе ја најавивме.

Минатиот период регионот Емилија Ромања беше зафатен од лошо време, а во Понеделник Одделот за цивилна заштита објави тревога од црвен степен што значи дожд во количина од над 100 милиметри во Вторник и вкупно 150 милиметри до денеска попладне. прогнозите најавуваат дека врнежите ќе продолжат се до Недела кога е денот на главната трка.

Беше одржан состнок помеѓу Националната единица за кризи и локалните политичари за да се разговара за ситуацијата во регионот, при што беше објавено следното соопштениет:

Иако има сеуште неколку денови пред почеток на Гранд При викендот, пристигнувањето на фаноите ќе биде отежнато затоашто дел од патиштата се затворени поради опасност. Исто така постои можност паркинзите и дел од областите околу патеката да бидат бескорисни викендов.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ