Пирели ги открија стратегиите за трка

Италијанските доставувачи на гуми во Формула 1, Пирели, ги објавија очекуваните стратегии за Саудиското Гранд При.

Италијанците најавуваат само едно застанување за промена на гуми и тоа најчесто да биде од стартните медиум на најтврдата компонента кое би се случило помеѓу 18от и 25от круг од трката.

Деградацијата не Џеда не е голема и тоа се покажа дека може да се појават и други брзи варијанти на стратегијата. Се предвидува дека агресивно е да се почне на софт и со него да се вози 13-20 кругови, а ако се почне на медиум, да се менаџира 27-34 кругови за да се биде брз на софт во финишот на трката.

Шарл Леклер имаше второ време вчера, но поради казна ќе тргне од 12то место, додека поради проблем со преносот, Верстапен ќе стартува три позиции зад него.

Пирели најавува дека има можност и за две застанувања во бокс, старт на софт, прва промена на медиум и потоа повторно на најмеката гума. Стартниот софт би се возел 10-15 брзи кругови, а среднта компонента би траела 32-38от круг од трката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ