Пирели изненадени од поставените времиња

Директорот на Пирели Моторспорт, Марио Исола, призна дека брзите времиња на круговите поставени од тимовите за време на тридневното предсезонско тестирање на меѓународната патека во Бахреин биле малку изненадувачки.

Иако немаше големи промени во техничките прописи во текот на зимата, сè уште имаше некои измени за да се решат минатогодишните проблеми со потскокнувањето. Се очекуваше ова да го забави за околу половина секунда времето по круг на овогодинешните болиди на почетокот на сезоната, но тоа секако не беше случај кога болидите од 2023 година прв пат оваа недела излегоа на патеката.

Серхио Перез го извозе најбрзиот круг од трите дена на тестирање со време од 1:30.305 секунди. Тоа е веќе четвртина секунда побрзо од времето на пол позиција во 2022 година од 1:30.558 секунди поставено од Шарл Леклер од Ферари. Во просек, најбрзите времиња на тимовите од минатогодишниот предсезонски тест во Бахреин беа 1,9 секунди побавни од оваа година, користејќи го Ц4 од спецификацијата за 2022 година.

Вилијамс се подобри најмногу оваа недела, за две и пол секунди, додека Алпин беше единствениот тим што не успеа да оди побрзо со овогодинешниот болид во споредба со пред 12 месеци.

Времињата на круговите се изненадувачки бидејќи во просек се околу 1,5 секунди побрзи во споредба со истите соединенија во 2022 година – коментира Исола.

Тоа е уште позначајно на патека како Шакир, каде што тракцијата и сопирањето се клучни и нема многу подолги свиоци кои влијаат на гумите.

Тимовите можеа добро да ги подесат поставките на нивните болиди како подготовка за трката следниот викенд, додека возачите имаа време да најдат доверба со новата конструкција во најновата понуда од Пирели.

Пирели им овозможи на тимовите целосен пристап до целата палета на пневматици P Zero за 2023 година, составена од шест различни соединенија, плус прототип Ц3 произведен во фабриката за Ф1 во Турција, како и средни соединенија и гуми за мокра подлога кои не се потребни во Шахир.

На сите тимови им беше дозволено да користат до 30 комплети гуми и два сета прототипови по болид, со минимален притисок од 21 psi напред и 18,5 psi назад. Ќебињата за гуми се користеа на 70 степени целзиусови, со максимално време на загревање од два часа.

Овие три дена на тестирање беа многу корисни за тимовите, возачите, а исто така и за нас. Новиот Ц1, кој може да биде добра опција за трката следниот викенд, исто така беше добро прифатен од сите тимови, покажувајќи добро ниво на перформанси.

Со пошироката палета на гуми, сега имаме поголема флексибилност во номинацијата на соединенија ставени на располагање на тимовите за трка, за да можеме да ги избереме соединенијата кои најдобро одговараат на секоја патека – изјави Исола.

Пирели истакна дека тимовите го нашле клучот за подобро управување со деградацијата, како што покажаа долгите серии во саботата во споредба со оние од претходните денови. Температурите на патеката го достигнаа врвот од 44 целзиусови степени пред да се спуштат на 27 степени штом зајде сонцето.

Исталијанскиот гумар утврди дека температурите останале конзистентни во текот на сите три дена на тестирање и не влијаеле негативно на перформансите, со помалку ветер во последниот ден во споредба со Четврток и Петок. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ