Италијанскиот доставувач на гуми во Формула 1, Пирели, најави дека Азербејџанското Гран При ќе биде трка со едно застанување за нови гуми, секако ако нема некое безбедносно возило, што е многу веројатно.
Според Пирели, најбрза стратегија е да се тргне на медиум и таа прва серија од 13-20 кругови да се одработи со жолто маркираните гуми пред да се монтира хард компонентата до крајот на трката.
Алтернативна стратегија со една промена е почеток на хард со кои би се возеле 38-45 кругови, а потоа да се користи најмеката компонента за до последниот од вкупно 51 предвиден круг.
Според “гумарите“ можно е да се тргне на медиум и да не се менаџира со нив возејќи ги 8-16 кругови, а потоа две серии хард, исто така со мало менаџирање, со застанување од 27 до 35 круг.