Пирели сакаат да останат во Ф1

Откако ФИА го објави тендерот за доставувач на гуми од 2025 година, од Пирели потврдија дека тие сакаат да останат ексклузивен доставувач на гуми и во наредните години. 

Тие се во спортот од 2011 година, а резултатите од тендерот се очекуваат да се објават во средината на јуни. Пирели се експерти во развојот на гумите и компонентите, а почнаа да работат со 18-инчни тркала од минатата сезона по промената на правилата. Новиот тендер е за снабдување со гуми од 2025 година до 2027 година и Пирели сака да го продолжи развојот. 

Од ФИА очекуваат целите и спецификациите на наредниот доставувач на гуми да се слични со досегашните и очекуваат голема конкуренција. 

Целите опишани од ФИА се блиску до стратегијата на Пирели Моторспорт и нашата компанија сака да остане партнер на Формула 1. Одлуката од тендерот ќе мора да биде донесена по детална анализа на документите од ФИА – изјавија од компанијата. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ