Пирели ќе биде главен спонзор на трката во Имола

Пирели ќе стане официјален и главен спонзор на овогодишното издание на трката на легендарниот автодром во Сан Марино, Имола.

Трката се врати во Формула 1 лани по долга пауза, а ќе биде де од календарот и оваа година. Организаторот најде и голема поддршка во италијанскиот “гумар“ Пирели кои ќе го помогнат настанот.

Кина и Виетнам не се дел од овогодинешните 23 трки на број, Холандија и Саудиска Арабија ќе дебитираат, а Австралија е одложена од Март за Ноември.

Големата награда на Емилија Ромања е втора во каледнарот и дојде како замена за Кинеското Гранд При, а целосното име ќе биде Formula 1 Pirelli Grand Premio del Made in Italy e dell Émilia Romagna.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ