Поради забраната за греачите, Пирели развива целосно нови гуми

Директорот на Пирели моторспорт, Марио Исола, откри дека за следната година ќе бидат диајнирани и развиени целосно нови компоненти на гуми поради планираната забрана на ќебиња за загревање на гумите од 2024 година.

Екипите во моментов ги загреваат гумите на потребната работна температура со посебни ќебиња греачи во пресрет на трките, но таквата скапа пракса која троши многу енергија се смета дека е непотребна и поради тоа се направени промени во правилата. Забраната за греачите постепено се воведува до 2024 година кога истите не смее да ги има во гаражите.

Минатата година лиитот беше 100 стешени на предните гуми и 80 степени на задните, додека годинава максимално дозволените температури се 70 степен, а бројот на ќебињата греачи е намален на половина. Исола за германски Auto Motor und Sport посочи дека прогресивниот план и целта да не се греат пневматиците со електрични ќебиња, бара од нив целосно нови гуми.

не е доволно само да се направат нови компоненти со поголем опсег на работа затоа што формула 1 болидите се многу брзи и создаваат огромен притисок над гумите кој изнесува 0,7 до 0,8 бари додека болидите возат и тоа го менува целиот профил и нагазна површина – откри исола.

Новите гуми бараат повеќе тестирање така што Пирели цели добро да анализира пред новите гуми. Догодина вторите тренинг сесии во Петок ќе бидат продолжени за 30 минути за да се добие повеќе време за тестирање, а форматот ќе се проба во Америка во Октомври.

ни требаат болиди од актуелната генерација за да тестираме, ни требаат различни патеки каде гумите се подложени на различен отпор и ќе се возат на различни услови. идејата е да се користат вторите петочни тренинг сесии што е одлично, а екипите не мора дополнително да патуваат и да остануваат по тркачкиот викенд.

но, секогаш кога имаме некаква идеја како компромис, екипите почнуваат да се бунат. овој пат проблем беше што ќе мора да ги користат истите болиди и истите мотори како и остатокот од викендот така што километражата може да стане проблем.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ