По проблемите на Силверстон, Ф1 се врти кон Хокенхајм

Шефовите на автодромот Хокенхајм открија дека преговараат со Либерти Медиа да станат дел од овогодишниот Формула 1 календар, откако се потешко изводливо е дека Силверстон ќе успее да организира трки согласно последните мерки на Владата на Велика Британија.

Плановите на Силверстон за двојна програма во Јули се под знак прашалник поради тоа што Владата воведе 14-дневен карантин за сите што пристигнуваат на островот, а исклучокот на Формула 1 персоналот, Либерти не го доби. Технички е неизводливо персоналот вклучен во трката да остане две недели по Австриското Гранд При во карантин, а потоа д одработи трка.

Несигурноста на славниот автодром го стави Хокенхајм во преден план како прва замена, откако неодамна патеката имаше и првични преговори со американските сопственици на серијата. Јорн Теске, оперативниот шеф на патекат, изјави дека се во секојдневен контакт со Либерти околу евентуална организација на настан.

вистина е дека секојдневно сме во преговори со формула 1 и од вообичаени разговори преминавме на посериозни теми и договори. во моментов разговараме под кои услови би било изводливо за нас да организираме трка со оглед на пандемијата, односно расположливоста на патеката, мерките на владата и секако финансискиот дел.

Германецот откри дека мерките на Владата во Велика Британија ги зголемило нивните надежи и шанси за враќање на календарот, но евентуалната трка во Германија годинава не е поврзана со она што ќе се случува во Англија.

свесен сум дека изгледа оти политичките мерки за карантин и потешкотиите на англија во таквата организација ќе имаат голем удел во календарот од европски трки, но тоа не значи дека доколку силверстон организира трка, ние нема да организираме.

Тој го задржа ставот што и претходно го имаше кажано дека организација на трка мора да имам финансиска смисла за патеката затоа што јасно е дека празните трибини не носат пари од продажба на влезници.

не сме во ситуација да ризикуваме ништо на економски план само со цел да организираме трка и стоиме на тој став. одиме и чекор понапред и велиме дека и во ваква година мораме да заработиме пари, друг начин за нас нема.

со месеци не можеме да правиме ништо на патеката и не можеме да одржуваме никакви настани, а јасно е дека тоа до некоја мерка мораме да го компензираме. секако дека за периодот кој формула 1 евентуално би била тука мораме да имаме некаков приход за да тоа има економска смисла за нас.

Либерти планираат сите Европски трки да се возат во Јули и Август, а Австрија да биде прва, но Тески верува дека флексибилност мора да постои затоа што условите нон-стоп се менуваат.

мислам дека ќе имаме некој вид на првичен календар со неколку ѕвездички на него. тоа е поради фактот што некои заонски проблеми не може да се решат во моментов во одредени земји.

корона вирусот во различни земји носи различни решенија, така што условите се различни, нешто што денеска е факт, утре може повеќе да не важи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ