По успехот во Ф2, Другович размислува за Формула 1

Фелипе Другович сака да обезбеди место во Формула 1 наредната година откако ја освои титулата во Формула 2 викендов на Монца.

Бразилецот на три трки пред крајот ја освои титулата во Формула 2 со МП Моторспорт, а според правилата, тој не смее да продолжи во истата јуниорска тркачка серија и мора да замине на крајот на сезоната. 

Во моментов има повеќе места на Формула 1 гридот во и тоа во фабричкиот Алпин и британски Вилијамс, а тој е поврзан и со резервна позиција во Астон Мартин. 

Сакам да останам во падокот. Има неколку слободни места во Формула 1 и Очигледно е тешко да се обезбеди возачко место, но ќе се обидам за резервна позиција.

Има многу вести и луѓето се радуваат бидејќи нема бразилец во Формула 1. Мислам дека тоа е логичен чекор каде треба да напредувам. На Формула 1 и недостасува претставник на нашата земја – изјави другович.

Другович се најде на листата шампиони во Формула 2 по Луис Хамилтон, Нико Розберг и Шарл Леклер. Тој водеше во поголемиот дел на сезоната, но признава дека не му било лесно. 

На почетокот на сезоната почнуваш да размислуваш што ќе се случува. Подоцна се обидуваш да се опуштиш.

Мислам дека по Спа направив разлика и сфатив дека е возможно да ја освојам титулата. Сега сме речиси на крајот и ја имам титулата. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ