Предсезонскиот тест низ бројки

Формула 1 предсезонскиот тест оваа година е само три денови возење на Шакир во Бахреин, местото каде ќе се вози првата трка следната недела.

Главна цел на екипите е да се одработи зацртаната програма и да се комплетираат колку што може повеќе кругови. Тестот не може да донесе конечен одговор во однос на перформансите и распоредот на гридот, но јасно е дека некои екипи подобро одработиле од други.

Ферари и Мерцедес се надеваат да го детронизираат Ред Бул, а средината на поредокот е најголема непознаница. Астон Мартин се чини дека се најбрзи во средината од поредокот и конечно почнаа силно да напредуваа, а Фернандо Алонсо остана задоволен.

Нандо комплетираше 70% од круговите на тимот за време на трите денови тестирање и покрај тоа што е најстар возач на гридот. АлфаТаури имаше најмалку проблеми од сите и комплетираа најголем број на кругови, а повторно лоша предсезона имаа Мекларен.

Во однос на производителите на мотори, јасно е дека Мерцедес минаа најмногу, но тие имааат четири тимови кои користат нивни агрегати, еден повеќе од Ферари, Ред Бул има ист агрегат со АлфаТаури, а Алпин се единствени со мотори на Рено.

Најбрзото време беше поставено на последниот ден од трнингот, а го извизе Серхио Перез од Ред Бул, иако никој не знае со каков мод на моторот и колку гориво истиот бил постигнат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ