Премиерот на Малезија ја сака Ф1 трката назад

Премиерот на Малезија, Тун Махатхир Мохамад се надева дека Формула 1 трката ќе се врати во Малезија откако последниот Гранд При викенд во земјата беше одржан во 2017 година.

Патеката Сепанг од 1999 година до 2017 година беше домаќин на Формула 1 циркусот, а поради се поголеми трошоци и ограничен поврат на средствата, договорот со ФОМ не беше продолжен. Најголема причина поради која промотерите се откажаа од настанот беше малубројанта публика, но по нивната одлкука, американците од Либерти Медиа ја превземаа сопственоста и го шират спортот кон тој дел од светот.

Премиерот на Малезија на годишната конференција на Американско Малезиската Комора за Трговија откри дека земјата сеуште е заинтересирана за организација на Формула 1 трка.

веруваме дека интересот за гранд при трка сеуште е многу голем и сакаме да ја вратиме трката овдека. многу луѓе ги посетуваат мото трките на патеката, а се повеќе луѓе купуваат многу скапи коли во сингапур, каде не мора да возат и ги возат по нашите патишта – објасни мохамад.

Тој беше еден од клучните луѓе кои агитираше за носење на Формула 1 во земјата пред 20-гоина години кога исто така беше Премиер на земјата. 92-годишникот лани се врати на истата функција.

Тој најавува дека при евентуална враќање на трката ќе има 100.000 гледачи, но одби да најави дали сакаат да се вратат на календарот уште следната година или од 2021.

размислуваме повторно да организираме трка и мислиме дека ќе можеме да донесеме 100.000 луѓе со што настанот ќе биде исплатлив. покрај тоа, телевизиските преноси ќе ни донесат 200 милиони гледачи низ светот.

И додека Премиерот ја сака трката назад во земјата, Главниот извршен директор на Сепанг, Разлан Разали, за Fox Sports изјави дека планира да поминат барем 5 години за да види како патеката ќе живее без Формула 1 трка, пред евентуално враќање на кремот на моторспортот.

нашиот нов премиер кој ја основаше патеката сепанг и првично го донесе спортот во малезија е назад во канцеларијата и ја предводи владата.

тој изрази желба еден ден формула 1 да се врати во земјата, но ние би сакале да живееме без формула 1 барем пет години по 2017 година кога ја имавме последната трка. ќе видиме, работиме на проценка на ситуацијата – појасни разали.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ