Малезија демантира враќање во календарот

Главниот извршен директор на автодромот Сепанг во Малезија, демантираше било каква враќање на земјата во Формула 1.

Спортот за прв пат беше гостин на патекта во 1999 година, трка на која победи Еди Ирвајн од Ферари, а тркачката серија остана на автодромот до 2017 година и двете последни победи ги однесоа Ред Бул со Даниел Рикардо односно Макс Верстапен. Но, од финансиски причини организаторот се отажа од трките, односно продажбата на карти беше се помала, а сумите кои ги плаќаа во Формула 1 се поголеми.

Британските медиуми тогаш објавија дека се помалата заинтересиранот за Сепанг произлегла од појавувањето на блискиот Сингапур со својта улична, ноќна трка. Дел од падокот се надеваше дека за време на пандемијата, Малезија ќе се појави како заменска трка, но тоа не се случи.

Спортот сака нови земји како дел од календарот, а посоти интерес за дополнителна трка во Азија и покрај тоа што на веќе гломазниот калнендат за оваа сезона од дури 22 трки, догодина се придодаваат Лас Вегас, Катар и Кина, Јужна Америка е исто така многу блиску до допонителен настан, а на големо се зборува и за Африка.

треба да гледаме на големата слика не само околу тоа како формула 1 може да има корист, туку каква корист може да има и малезија во однос на брендирањето, вработувањето, развојот на талент и друго. кога плаќаме високи суми за организација на формула 1 наста, приносот исто така треба да биде висока за нас – изјави азхан шафирман ханиф, главниот извршен директор на патеката.

Тој не смета дека е вистинско време земјата да бара пат назад до Формула 1 по пандемијата со оглед на тоа што Владата на Малезија е насочена кон помош на народкот во тешката пандемија. Но, поради се поголемиот интерес за Формул 1 трки, тој верува дека Сепанг е способен за трка со помош од власта и приватниот сектор.

Министерот за спорт и млади на земјата, Датук Сери Ахмар Фаизал Аруми, изјавил дека трка би коштала 36 милиони фунти, сума која би ја ставила земјата назад на календарот. Малезиското Гранд При беше првата азиска трка по Јапонија, седум пати таму победи Ферари, четири пати Себастијан Фетел.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ