Малезија може да се врати на календарот во 2022

Малезија веќе почна да се подготвува за враќање на Формула календарот во 2022 година. Договорот за трката не беше продолжен од страна на Владата на Малезија поради нејзината неисплатливост во 2017 година, трошоците биле преголеми, а приходите се ограничени.

Премиерот Махатир Мохамад изјави за Фокс Спортс дека е можно враќање на трката. Тој беше премиер и кога се возеше првата трка во 1999та година. Шефот на патеката Сепанг, Разлан Разали изјави.

Тој изрази жалење и изјави дека еден ден Формула 1 ќе се врати, но ние не би сакале 5 години да немаме трка на патеката. Тоа што го слушнав во последните две години и ситуацијата е променета и мислам дека ќе биде подобро во однос на тркањето.

Сепак Разали смета дека има уште една работа за која Либерти Медиа се заинтересирани, а тоа е нова трка низ град.

ДОколку тие форсираат улични трки повеќе од патеки тогаш не сакаме да се вратиме. Треба само да видиме што ќе се случува во Формула 1 во наредните години.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ