Малезија сериозно размислува за враќање во Ф1

Главниот извршен директор на Меѓународниот автодром Сепанг, Азхан Шафрима Ханив, посочи дека постои можност Малезија да се врати во Формула 1, прв пат по последната трка во 2017 година.

Но, тој инсистира дека за такво нешто треба да поминат најмалку 2-3 години. Малезиската Влада во моментов е насочена кон консолидирање на националната економија која остана упропастена од ковид-19 пандемијата.

Патеката беше омилена помеѓу фановите и возачите затоа што нудеше многу места за претекнување и редовно промениливо време. Мелезиското Гранд При за прв пат се појави во календарот во 1999 година, а последната трка се одржа пред пет години откако организаторите се откажаа поради високите трошоси.

во моментов не можеме да станеме дел од формула 1, но тоа е само во моментов. можеби за 2-3 години националната економија ќе се стабилицира и ќе можеме да размислуваме за враќање на Формула 1 – посочи шафрима ханив.

Патекта е домаќин на МотоГП трка во Октомври и тоа ќе биде прва трка на таа серија од почетокот на пандемијата. Исто така, на почетокот од сезоната, кога стана јасно дека Сочи ќе биде отстранет од календарот се појавија шпекулации дека Сепанг може да го замени, но шефот на патеката е свесен дека мора да се подобрат некои работи пред да се мисли на врвната серија.

мораме да размислиме за ребрендирање и монетаризирање на платформата која ја иаме. зборуваме за трансфер на технологија, развој на таленти и одрживост на околината. ако формула 1 се врати во малезија, мора да биде не само трка, многу повеќе од тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ