Малезиски Сепанг бара враќање во Ф1

Неодамна назначениот нов шеф на Меѓународната патека Сепанг, Азхан Шафирман Ханиф, откри дека бара начин да ја врати Формула 1 во Малезија. Гранд При трката крај Куала Лумпур за прв пат се одржа во 1999 година кога победи Еди Ирвајн од Ферари пред Михаел Шумахер, додека на последниот настан во 2017 година, триумфираа Ред Бул со Макс Верстапен

Азхан Шафирман потврди дека сака да ја види Формула 1 назад во земјата поради брендот и публицитетот кој Формула 1 го носи, но е свесен дека тоа не е ни малку едноставна работа.

организација на формула 1 трка повторно во моментов не е приоритет, но доколку се појави некаква можност, добро ќе ја разгледаме. јас силно ја поддржувам идејата затоа пто формула 1 носи голем публицитет и реклама за малезија.

доколку се согласиме да организираме трка на подолг рок, мораме да разговараме и со владата поради тоа што сумите потребни за организација не се воопшто мали, а парите кои ќе се потрошат мора да носат придонес и за владата и за фановите – вели ханиф.

Доколку се беше како што треба годинава во Формула 1 календрот требаше да има две нови трки, дебитантско Виетнамско Гранд При во главниот град Ханои како и враќање на Холандското Гранд При на реновираниот Зандворт.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ