Преносот на ЕСПН без реклами до крајот на сезоната

Американскиот ТВ канал, ЕСПН, објави дека Формула 1 преносот до крајот на 2018 година ќе биде во етер без реклами.

ЕСПН ги превзеде правата за пренос на Формула 1 во Америка од претходникот НБЦ Спортс, кои одлучија да не го обноват договорот. За првата сезона, тие се одлучија да го пренесуваат сигналот на Скај Спортс, кој ги вклучува тренинг сесиите, квалификациите и трките, како и нивните воведни емисии пред трката, но сето тоа наиде на критики од гледачите по Австралија поради технички проблеми.

ЕСПН се обиде со пренос без реклами за време на трката во Бахреин минатиот викенд и веќе во Вторник потврдија дека ќе го задржи тој пристап до крајот на сезоната.

Планираме да ги пренесуваме Ф1 трките на ваков начин до крајот на сезоната. Ф1 фановите се страствени околу спортот и го послушавме нивното мислење. Тие се многу информирани и реакциите кои ги добивме беа културни и конструктивни. Тоа ни помогна.

Немаме целосен производ, но многу сме среќни со начинот на промени по Австралија. Ќе продолжиме да работиме со цел да понудиме се подобро искуство за фановите – изјави Бурк Магнус, извршниот подпретседател на ЕСПН за програма и распоред.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ