Прост задоволен од неверојатната жртва на Алонсо

Формула 1 легендата, Алан Прост, смета дека со победата од Унгарија, Естебан Окон веќе станува друга класа.

Триумфот на младиот француски возач доаѓа откако тимот му го продожли договорот и останува во Енстоун следните три сезони, но и откако имаше слаби перформанси и Алпин променија шасија кај него.

многу сум среќен за естебан затоа што имаше многу, многу тежок период. но, кога конечно победи на трка, станува друга каса. свесен е дека може да се победи со старт од 8мо место и на секоја трка ќе се сеќава на тоа. сега има поинаков статус во тимот и спортот и ќе се стабилизира – вели прост.

Професорот смета дека со победата, Окон ги замолчил сите кои се сомневале во него и во одлуката на Алпин да го потпишат за во иднина.

имаше многу ситни критики кога потпиша долгогодишен договор на три години и мислам дека оваа победа ќе го стабилизира. исто така, во комбинација со фернандо ќе имаме тандем кој ќе се надополнува се повеќе, а тоа е многу значајно за тимот.

Иако во падокот се зборува дека Нандо е себичен и арогантен, со својот придонес на Унгарското Гранд При, докажа дека тоа не е вистна затоа што му даде клучна помош за победа на својот колега.

денеска трката беше во знакот на победата на естебан од една страна и жртвата на фернандо и сите во тимот од друга страна затоа што немавме многу лесен период скоро.

фернандо беше исклучителен. мораме да бидеме искрени дека и ние имавме страв во врска со него кога потпишавме, а денеска докажа дека има неверојатен менталитет и прави се што е потребно за тимот.

секако, во болидот точно знаеше што треба да направи за естебан да остане на чело и тоа е неверојатно.

кога ги видовме промените на гуми сфативме дека кај двата болиди се направени за по 2,3 секунди, тоа никогаш не ни се случува и тимот беше неверојатен на трката.

тоа значи дека кога сме на чело, сите работиме безгрешно, одлични сме под приситок и имавме магичен ден во Будимпешта.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ