Прост: Парите не се мотив за Алонсо

Советникот на Рено, французинот Алан Прост, е голем фан на талентот на Фернандо Алонсо и нетрпеливо го чека неговото враќање во Формула 1.

Шпанецот се подготвува за својот трет престој во Рено, кои од следната година ќе се тркаат под името Алпин. Нандо е доведен како замена за Даниел Рикардо кој реши да замине во Мекларен како замена за Карлос Саинз кои ќе мине во Ферари.

Професорот смета дека Алонсо има уште многу што да понуди иако има 39 години.

рено е негово семејство. јас не сум видел поедноставни преговори одошто тие што ги имавме со него, но имаше огромна мотивација. парите не беа мотив за него, туку проектот и враќањето во формула 1, а јас тоа многу го ценам – откри прост.

Двократниот првак не се тркал во Формула 1 од крајот на 2018 година, но Алан не е загрижен за отсуството.

со неговото искуство ќе му требаат само неколку кругови за да се адаптира и прилагоди. можеби на првите трки ќе му треба повеќе време, но јас не сум воопшто загрижен. ќе биде добро затоа што е одличен возач.

Прост исто така потврди дека Фернандо не трошел време во преговорите со неговата поранешна екипа со која ги освои двете титули.

фернандо е многу близок со тимот и инженерите, често е во симулаторот во англија и контактира со инженерите во текот на трките. знае се, дава совет кога може, а веќе го возеше и болидот во шпанија и се запозна со естебан окон и даниел рикардо. сите тројца работат одлично во моментот, а даниел нема ништо против.

За крај, Прост беше запрашан колку долго Рено ќе го задржи Нандо во тимот.

зависи од два фактори, неговата мотивација и резултатите на екипата, но во моментов ништо од тоа не е познато затоа што не сме ни почнале да асе тркаме заедно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ