Рено демантираат дека Окон ќе замине

Сирил Абитебул, шефот на Рено, потврди дека Естебан Окон ќе биде нивни возач и следната сезона.

Французинот дојде во Рено во пресрет на оваа тркачка сезона на месото на германецот Нико Хулкенберг, а како колега на Даниел Рикардо, но, барем до сега, не успеа да ги оправда очекувањата. Мерцедес полагаа големи надежи во Окон додека возеше за Форс Индија, но по една сезона крај патеката како резервист на “сребрените“ се чини дека ја загуби формата и е далеку од Рикардо.

Австралијанецот има двојно повеќе поени од Естебан и доде до подиум, така што се погласни се шпекулациите дека тој нема да биде колега на Фернандо Алонфо догодина. Медиумите шпекулираа дека Пјер Гасли се интересира за место во Рено и дека разговарал со Алан Прост, но откако АлфаТаури гопотврдија за следната сезона, исто направи и Сирил.

следната година окон ќе остане кај нас и ја иа целата наша поддршка – вели абитебул.

Сепак, шефот на екипата потенцираше дека 24-годишникот треба да ги подобри своите перформанси и резултати.

тој мора да се подобри и да си постави цели кои ќе ги постигне со цел да успее во сспортот.

Следната година на Естебан може да му биде уште потешко затоа што наместо насмеаниот Даниел Рикардо, колега ќе му биде не секогаш пријатниот Фернандо Алонсо, кој последните две години ги мина надвор од спортот.

во моментов ја гледам серијата за фернандо на амазон, гледам како работи и како се подготвува за трка и многу е интересно затоа што учам за неговиот карактер.

јасно е дека во моментов е многу вклучќен во техничкиот развој на болидот за следната година, постојано е во фабрикат и супер е што го имаме и неговото мислење.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ