Рено задоволни што болидот им е добар на секоја патека

Рено се убедени и задоволни со својот овогодишен болид откако се докажа дека истиот работи на сите патеки по што се наоѓаат на 3то место во конструкторскиот поредодок во моментов.

Двата подиуми на последните три трки на Даниел Рикардо го однесоа фабричкиот тим пред Мекларен и Рејсинг Поинт, иако за само еден поен на четири трки пред крајот на првенството. Но, добрата форма на тимот доаѓа само од одличниот Даниел Рикардо, додека сеуште се чекаат резултати од Естебан Окон кој нема среќа со дефектите.

Марцин Будковски, извршниот директор на тимот, верувадека перцепција на екипата е дека имаат конкурентен болид на сите патеки.

донесовме новини на болидот и брзо ги разбравме истите како и целиот пакет кој сега работи точно онака како што изгледаа податоците од воздушниот тунел. уметноста на дизајнот е податоците од воздушниот тунел и компјутерските симулации да бидат идентични со тоа што го имате во реалност на патеката поради се помалку тест можности кои ги имаме.

колку подобро ги знаете карактеристиките на болидот толку подобро го сетирате истиот. нашиот болид работи одлично на сите патеки, а тоа не беше случај со почетокот на сезоната. единствено проблем имавме на портомао, но тој беше поврзан со температурата на гумите, неколку степени премногу и губиме 1,5 секунди по круг – објасни будковски за германски Auto Motor und Sport.

Тој се осврна и на карактеристиките на ривалите на Рено во борбата за 3то место која очигледно ќе трае до крајот на сезоната.

рејсинг поинт имаат силен болид, но на последните трки губат поени затоа што прават многу грешки во процесите. мекларен се одлични на летечки кривини, но бавните свиоци им се проблем, а кај нас е поинаку, но полека се прилагодуваме.

ако се подобриме на брзите кривини, плаќаме цена со забавување на бавните. само кога имате јасно дефиниран проблем можете да го решите без компромис. на крајот на денот подобрени сме, а резултатите и времињата го покажуваат тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ