Рено ќе користи ден за снимање за да вози Алонсо

Враќањето во кокпит на Формула 1 болид за Фернандо Алонсо може да биде многу скоро откако Сирил Абитебул најави можност тимот да користи де за снимање со својот болид од 2018 година.

Шпанецот изрази подготвеност да помогне на тимот во развојот уште оваа година, така што французите бараат начин да го сместат во болидот што поскоро. Motorsport.com пренесе дека Рено побарале од ФИА дозвола за Нандо да вози во Абу Даби по крајот на сезоната на тестот за дебитанти, но тоа не е потврдено, така што веројатно тој ќе вози стар олид на ден за снимање.

можам со сигурност да кажам дека тој е нетрпелив да се врати зад управувачот, така што ќе видиме. правиме програма за него и има некои можности во рамките на рестрикциите на спортските правила.

има работи како ден за снмиање кои не сме го искористиле до сега, има пост-сезонски тест кои треба да го одработиме, така што можности постојат.

имаме две години стар болид со кој можеме да возиме каде сакаме и кога сакаме и веројатно ќе видиме што е најдобро. алонсо сигурно ќе вози, само треба да одлучиме кога и каде – најави абитебул.

Неделава шпанецот беше во фабриката на тимот во Енстоун каде му беа земени мерки за седиштето во кокпитот. Французите масовно инвестираа во својата Формула 1 програма во поседно време, така што Абитебул откри дека Алонсо бил импресиониран од тоа што го видел во Енстоун, но и во Вири каде се изработуваат моторите.

тој беше импресиниран од промените кои ги виде во вири, сите нови луѓе, позитивната енергија, одлучноста и развојот на новиот мотор за 2022 година која сега е во тек.

тоа ни беше многу важно фернандо да го види и беше горд, а возбудата во неговите очи со тоа што го виде беше очигледна. но, убавата инфраструктура не носи ништо, треба да се фокусираме со сите сили кон работата и да му дадеме болид каков што заслужува.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ